РАДОСТ ЗА НАВИВАЧИТЕ НА „КРАЛЕВИТЕ“ И „СТАРАТА ДАМА“ КАЈ НАС

Патот кон Скопје го продолжуваат Реал, Атлетико, Јувентус и Монако

Два големи гиганти кои имаат многу фанови во Македонија останаа во трка за големиот сребрен трофеј, а со тоа и со шанси, летово да играат во Скопје, во Суперкупот на Европа

објавено: 20 април 2017 - 11:35

Навивачите на Реал Мадрид и Јувентус од Македонија оваа година имаат дополнителна причина за радост бидејќи нивните омилени екипи се во полуфиналето од Лигата на шампионите. Најтрофејните екипи во Шпанија и Италија имаат голем број на симпатизери кај нас, кои веруваат дека нивниот омилен клуб ќе биде на тронот на Европа, а со тоа ќе се избори, летово да игра во Скопје, каде ќе се игра Суперкупот на УЕФА. 

Реал и Јувентус знаат како е да се биде најдобар во Европа, па затоа и ја имаат фаворитската улога во однос на Монако и Атлетико Мадрид, кои истотака се дел од полуфиналето. Овие два тима имаат многу помал број симпатизери на европско ниво, но со игрите покажаа дека заслужено се меѓу најдобрите. 

Полуфиналните двојки од Лигата на шампионите ќе бидат познати утре, на ждрепката во Нион.

Најново во Меѓународен Фудбал