Точно знае како треба против својот поранешен клуб

Педро: Ако играте со страв против Барса, веднаш предајте го мечот

Педро Елизер Родригес Ледесма, или само Педро е играчот кој одлично ја познава Барселона, а вечерва ќе игра против Каталонците во дресот на Челзи, во еден од дерби двомечите во Лигата на шампионите

објавено: 20 февруари 2018 - 17:45

Педро Елизер Родригес Ледесма, или само Педро е играчот кој одлично ја познава Барселона, а вечерва ќе игра против Каталонците во дресот на Челзи, во еден од дерби двомечите во Лигата на шампионите.

На ред е фудбалска класика меѓу големите ривали, Челзи и Барселона, а двомечот од осминафиналето почнува вечерва на „Стемфорд Бриџ“ во Лондон.

Педро порасна во Барселона и цели 11 години беше дел од сите возрасни категории на гигантот од Каталонија, поточно од 2004 до 2015, кога се пресели во Челзи. И вели дека англискиот првак мора да игра без респект против неговиот поранешен тим.

„Ако почнете со страв против Барселона, тогаш воопшто не почнувајте. Не играјте, подобро предадете го мечот. Барса е фудбалска машинерија, која ја користи секоја грешка, но во мопјот поранешен клуб знаат дека Челзи е силен. Кога играв во Барселона не го сакавме Челзи за противник. Тоа се доживуваше како мошне непријатно, како опасен ривал. Знам дека и сега така размислуваат. не им е сеедно, бидејќи Челзи и сега е силен“, вели Педро.

Двата состави одиграа неколку незборавни мечеви во Лигата на шампионите, а денеска од 20,45 часот на „Стемфорд Бриџ“ ќе го одиграат 13. меѓусебен дуел.

 

Најново во Меѓународен Фудбал