Турскиот гигант тргнува во напорна тура од „Алијанц арена“

Пеколот за Бешикташ почнува во Минхен - „Црно-белите“ ќе играат 7 меча за 20 дена

Турскиот гигант Бешикташ ја почнува опасната и напорна авантура со 7 меча за 20 дена, вечерва на „Алијанц арена“ во Минхен против Баерн

објавено: 20 февруари 2018 - 18:10

Турскиот гигант Бешикташ ја почнува опасната и напорна авантура со 7 меча за 20 дена, вечерва на „Алијанц арена" во Минхен против Баерн.

Од 20,45 часот турскиот шампион ќе го игра првиот осминафинален меч со Баерн на гостински терен, а потоа ќе има продолжение на неверојатно тешкиот распоред. Во период од 20 дена следат дуелите со големиот ривал Фенербахче, потоа и со незгодниот Трабзонспор, па со лидерот во труското првенство Басахшехир, повторно со Баерн во реваншот од Лигата на шампионите, потоа нов меч со Фенербахче во турскиот куп и еден дуел со Генчербирлиги.

Сигурно најважен им е двомечот со Баерн во луксузното натпреварување, најценето клупско во Европа, Лигата на шампионите.

„Почнувама долга и напорна авантура во слендиот период. Најважно ние да се обидеме да приредиме подвиг против Баерн. Ги респектираме, имаат квалитетен состав, реномето на клубот е огромно, но не им се плашиме. Верувам дека ќе забележиме позитивен резултат вечерва, а потоа пред нашите навивачи во најбучната атмосфера во Европа да се обидеме да го елиминираме големиот Баерн“, вели Толгај Арслан.

Тој одлично ги знае условите во Германија, бидејќи кариерата ја почна во Падерборн, а играше и за Хамбургер.

Најново во Меѓународен Фудбал