БИТОЛЧАНИ СО НЕТРПЕНИЕ ЈА ЧЕКААТ ЖДРЕПКАТА

ПЕЛИСТЕР: Нема да биде лесно, тука се Левски, Лех...

Битолчани добиваат „пеколен" противник во првото квалификациско коло од Лига на Европа. Богатите Лех и Кајрат со Левски од Бугарија

објавено: 19 јуни 2017 - 10:17

Познати се петте можни противници за Пелистер во квалификациите од Лигата на Европа. Полскиот Лех Познањ е најсилниот можен ривал, потоа следи богатиот тим од Казахстан, Кајрат во чии што редови настапува Аршавин.

Да биде „пеколот" уште поголем во групата на можни ривали се наоѓа и најтрофејниот клуб од Бугарија - Левски. Можеби шансата за Пелистер се последните два можни ривали. Станува збор за Зира од Азербејџан и Алтач од Австрија.

Ждрепката почнува од 13.30 часот во Нион.

Најново во Меѓународен Фудбал