ПО ОНИЕ 2;0 ПА 2:2 ПРОТИВ ТОТЕНХЕМ...

„ПИПИТА" ПРОГОВОРИ, И ТОА НЕРВОЗНО: Лесно е да критикуваш од фотеља

Гонзало Игуаин имаше перфектен почеток на дуелот со Тотенхем од осминафиналето на Лигата на шампионите. Даде два гола за девет минути, а потоа во последната од првото полувреме не реализираше удар од 11. метри (ја погоди пречката) кој можеше на неговиот Јувентус да му донесе водство од (3:1).

објавено: 14 февруари 2018 - 20:00

Гонзало Игуаин имаше перфектен почеток на дуелот со Тотенхем од осминафиналето на Лигата на шампионите. Даде два гола за девет минути, а потоа во последната од првото полувреме не реализираше удар од 11. метри (ја погоди пречката) кој можеше на неговиот Јувентус да му донесе водство од (3:1).

Но, наместо тоа дуелот во Торино заврши нерешено (2:2)...
Па така лондонскиот клуб стана првиот по 2011 година кој анулирал негатива од два гола во мечевите против „Старата дама" одиграни во Торино. И за прв пат од минатиот јануари екипа која му дала два гола на Јуве на негов терен.

„Добро утро на сите. Лесно е да се зборува после мечот од некоја софа или пак од фотеља... До 2:0 се беше перфектно, а после 2:2 мислењата брзо се променија. Нас навистина не нè интересираат такви гласови.
Сега ќе заминеме во Лондон каде ќе го осигураме понатамошниот пласман. Прегратка за секој кој му сака добро на Јувентус" - напиша Игуаин после мечот на кој прво беше херој, а потоа „некој кој згрешил".

Најново во Меѓународен Фудбал