ЛИОН ЗА ШОК НА „ЕТИХАД“, ЈУНАЈТЕД ГО СЛАВИ ПОЛ ПОГБА (0-3)

Пјаниќ ги брише солзите на Роналдо, кралска вечер на „Бернабеу“! (ФОТО+ВИДЕО)

Се комплетираше првото коло во новата сезона од фудбалската Лига на шампионите и во останатите четири групи од програмата в среда.

објавено: 19 септември 2018 - 22:59

Во рамките од групата Е тимот на Баерн Минхен ја оправда фаворитската улога на „Да Луж" во Лисабон триумфирајќи над Бенфика.

Баварците поведоа уште во 10. минута преку полскиот интернационалец Левандовски кој осма сезона по ред стрела во најквалитетното европско натпреварување, досега има вкупно 46 погодоци. Трите бода за германскиот шампион во 54. минута ги потврди Санчес.

-МОМЕНТ ОД НАТПРЕВАРОТ МАНЧЕСТЕР СИТИ-ЛИОН

Во групата Ф најголемото изненадување вечерва го приреди Лион кој на „Етихад" стадионот го шокираше Манчестер Сити со 1:2.

Во првото полувреме водеа Французите благодарение на Корне и Фекир кои ги искористија грешките во домашната одбрана, а „граѓаните" само го ублажија поразот преку Силва, иако целата работа ја заврши Сане со неколку убави дриблинзи.

-РАДОСТА НА ИГРАЧИТЕ НА БАЕРН МИНХЕН НА МЕЧОТ ПРОТИВ БЕНФИКА

Во групата Г во дербито на „Сантјаго Бернабеу", Реал Мадрид со 3:0 ја совлада Рома. Најпрвин од слободен удар за водство на „кралевите" се погрижи Иско, а Велшанецот Бејл силно и прецизно ја затресе мрежата на немоќниот Олсен. Во 92. минута после асистенцијата на Марсело, Мариано исто така ги израдува своите навивачи.

-ГЕРЕТ БЕЈЛ ВЛЕЗЕ ВО ДРУШТВОТО НА ИГРАЧИ СО 18 ПОСТИГНАТИ ГОЛОВИ ВО ЛШ, КОЛКУ ШТО ИМАА УШТЕ КАРЈУ, ЕНДИ КОЛ, РОНАЛДИЊО, ЛУЧО ГОНЗАЛЕЗ, ЖУНИЊО И ХАВИЕР САВИОЛА.

Чешкиот Плзен за малку ќе имаше успешен старт, иако пред своите гледачи водеше со 2:1 против ЦСКА Москва. Крменчик двапати се запиша меѓу стрелците во 29. и 41. минута, а Русите дојдоа до бод, откако најпрвин намалија преку Чалов, а потоа и израмнија од пенал (90+5) кој го реализираше Хрватот Влашиќ.

И во последната група Х, Манчестер Јунајтед најмногу благодарение на Погба дојде до трите бода во Швајцарија против Јанг Бојс (0:3). Французинот ги имаше првите два гола, вториот го реализираше од белата точка, а воедно асистираше при третиот погодок кој беше дело на Марсијал.

-ЕНТОНИ МАРСИЈАЛ ПОСЛЕ 242 ДЕНА ГО ПОСТИГНА СВОЈОТ ПРВ ГОЛ ЗА МАНЧЕСТЕР ЈУНАЈТЕД ОД ЈАНУАРИ И ПОБЕДАТА ОД 1:0 ПРОТИВ БАРНЛИ.

Секако исто така големо внимание привлече и дуелот на „Местаља" каде што веќе сите зборуваат за директниот црвен картон на Роналдо во дебитантскиот настап за Јувентус во ЛШ.

Во 29. минута германскиот судија Брих го испрати во соблекувалните Португалецот кој физички го нападна Муриљо. Но, и покрај тоа што италијанските шампиони беа со играч помалку на теренот на „Местаља" тоа како да не се чувствуваше во нивните редови.

На крајот Јуве триумфираше со 0:2 против Валенсија, херој на „Старата дама" беше босанскиот интернационалец Пјаниќ кој двапати беше прецизен од пенал. Шпанците не успеаја да го искористат моментот и исклучувањето на Португалецот, а воедно тие во самиот финиш не реализираа пенал преку Парехо.

Лига на шампиони (среда)

1. коло, резултати:

Група Е
Ајакс-АЕК 3:0
Бенфика-Баерн Минхен 0:2

Група Ф
Шахтјор-Хофенхајм 2:2
Манчестер Сити-Лион 1:2

Група Г
Реал Мадрид-Рома 3:0
Плзен-ЦСКА Москва 2:2

Група Х
Валенсија-Јувентус 0:2
Јанг Бојс-Манчестер Јунајтед 0:3

Најново во Меѓународен Фудбал