ЗАВРШИ НЕВЕРОЈАТНАТА СЕРИЈА НА „КРАЛСКИОТ КЛУБ“

По 30 меча, Реал конечно загуби во групната фаза од ЛШ

Тотенхем во Лондон со 3:1 го победи актуелниот европски првак Реал Мадрид и на тој начин си обебзеди место во осминафиналето од елитната лига

објавено: 1 ноември 2017 - 22:39

Тотенхем во Лондон со 3:1 го победи актуелниот европски првак Реал Мадрид и на тој начин си обебзеди место во осминафиналето од елитната лига. Со овој пораз, заврши неверојатната серија на Реал, кој 30 меча беше непоразен во средба од групната фаза во Лигата на шампионите. 

Деле али со два гола го најави големиот триумф, а на 3:0 зголеми Ериксен. До крајот на средбата, Реал даде само почесен гол преку Кристијано Роналдо. За Португалецот тоа беше 111 гол во ЛШ. 

Добрата вечер на англиските тимови ја потврдија и Ливерпул и Манчестер Сити. „Црвените“ од „Енфилд Роуд“ во второто полувреме го скршија отпорот на Марибор и победија со 3:0, а Сити со 4:2 славеше на тешкото гостување кај Наполи. „Граѓаните“ со оваа победа си обезбедија место во осминафиналето. 

Резултати: Борусија Д. - АПОЕЛ 1:1, Ливерпул - Марибор 3:0, Наполи - Манчестер С. 2:4, Порто - Лајпциг 3:1, Севилја - Спартак М. 2:1, Шахтер - Феенорд 3:1, Тотенхем - Реал Мадрид 3:1.

Најново во Меѓународен Фудбал