Ќе гледаме спектакл во вистинска смисла

ПОДОБРО НЕ МОЖЕШЕ: Во Скопје доаѓаат Реал Мадрид и Манчестер јунајтед

Роналдо против тимот каде што се докажа, Мурињо со желба да му се одмазди на Реал Мадрид. Со еде збор во Скопје ќе гледаме спектакл во вистинска смисла

објавено: 3 јуни 2017 - 22:54

Реал Мадрид и Манчестер јунајтед доаѓаат во Скопје на 8 август во рамките на Суперкупот на Европа. Со освојувањето на 12. титула во Лигата на шампионите, кралскиот клуб го потврди доаѓањето во Скопје. Убедлива победа од 4:1 над Јувентус за испишување на нова, кралска историја како никогаш досега.

На 8 август на арената „Филип Втори" не очекува спектакл. Реал Мадрид и Манчестер Јунајтед се најдоброто од Европа во овој момент. Голем број на приврзаности имаат овие два клуба. Кристијано Роналдо токму од Манчестер замина во Реал за рекордна сума од 90 милиони евра. Додека, пак, сегашниот стратег на „црвените ѓаволи", Жозе Мурињо своевремено беше предводник и на кралскиот клуб.

Најново во Меѓународен Фудбал