МЕНАЏЕРОТ НА ТОТЕНХЕМ НЕМА ДИЛЕМИ

ПОКЕТИНО: Не би менувал Кејн ниту за Роналдо!

За Маурицио Покетино, дилеми нема, неговата екипа не може да ја замисли без Хари Кејн.

објавено: 1 ноември 2017 - 16:10

За Маурицио Покетино, менаџерот на Тотенхем, дилеми нема. Неговата екипа не може да се замисли без Хари Кејн.

Тоа 49 годишниот Аргентинец на клушата на клубот од Лондон го потврди и пред вечерашната пресметка од Лигата на шампионите против бранителот на трофејот, Реал Мадрид.
Покетино оди дури и еден чекор понатаму околу тоа што значи Хари Кејн за овој тим на „петлите".

„За мене, Хари Кејн е еден од најдобрите фудбалери на светот, ако не и најдобриот. И не би го менувал за никого. Да, факт е дека и двајцата се неверојатни. Мораме да покажеме почитување спрема она што Кристијано Роналдо го направил со текот на годините, и она што продолжува да го прави. Но Хари Кејн не би го менувал ниту за Роналдо" - смета Покетино, кој треба да смисли начин како вечерва на „Вембли" ќе се одбрани од Роналдо и „кралевите".

Најново во Меѓународен Фудбал