НЕМИЛИ СЦЕНИ ОД ЛИСАБОН

Полициска бруталност и жесток судир меѓу навивачите на Бенфика и Ајакс! (ВИДЕО)

Во средата во рамките од четвртото коло во Лигата на шампионите ремизираа екипите на Бенфика и Ајакс со резултат 1:1 на „Да Луж" стадионот.

објавено: 8 ноември 2018 - 21:54

Холандските медиуми пренесуваат како дел од навивачите на Бенфика ги нападнале оние на Ајакс пред еден хотел сместен недалеку од стадионот на португалскиот клуб.

Домашните навивачи ги нападнале гостинските кои го славеа освоениот бод и доаѓањето на чекор од пласман во следната фаза.

Во нападот се фрлале камења и шишиња, а при доаѓањето до ресторанот во кој беа фановите на Ајакс летаа и столови.

Најново во Меѓународен Фудбал