Имаат успех и не сакаат да менуваат

Понуда што не се одбива - Гвардиола останува во Манчестер сити со годишна плата од 19,5 милиони фунти

Пеп Гвардиола останува на кормилото на Манчестер сити до 2021 година, објавија британските медиуми. Кормиларот што победува не се менува, е мотото на популарните „граѓани“, а Пеп ќе добие и покачување од 3,5 милиони фунти годишно

објавено: 23 февруари 2018 - 15:30

Пеп Гвардиола останува на кормилото на Манчестер сити до 2021 година, објавија британските медиуми. Кормиларот што победува не се менува, е мотото на популарните „граѓани", а Пеп ќе добие и покачување од 3,5 милиони фунти годишно.

Според новиот договор кој му е понуден и според информациите од Островот, Гвардиола веќе го прифатил, годишната плата на тренерот на Манчестер сити ќе биде 19,5 милиони фунти.

Манчестер сити е на прагот на титулата во Премиерлигата, по 27 кола има 16 бодови предност пред градскиот ривал Манчестер јунајтед, а игра одлично во Лигата на шампионите и го чека финале во Карабао купот со Арсенал, задутре.

Најново во Меѓународен Фудбал