Ретко кој остана рамнодушен на она што Лионел Меси го направи на „Ел Класико" кога речиси само го победи Реал и ја остави Барселона во трката за шампионската титула. Марк Бартра во каталонскиот тим мина 14 години, пред да замине во Борусија Дортмунд.
Неговиот коментар за претставата на Меси беше краток и јасен:
„Д10С (во превод значи Господ)"
Ова беше доволна причина за лавина коментари низ социјалните мрежи, но за жал и за лоши зборови упатени кон него од страна на навивачите на Реал Мадрид.
„Подобро да погинеше", „Барем бомбата да ти експлодираше во глава". „Штета што преживеа".
Ова се само дел од лошите пораки оставени под статусот на Марк Бартра, кој настрада за време на бомбашкиот напад на автобусто на Борусија Дортмунд пред првиот дуел со Монако во рамките на 1.4 финалето во Лигата на Европа.
Bartra se rinde a Messi en el Clásico y le desean la muerte https://t.co/hF3MEYTl4E pic.twitter.com/h8ecyo8okf
— AS (@diarioas) April 24, 2017