Наместо европско Ел Класико ќе има поинаков меч за титулата

Потоп на шпанските таленти, по Барселона падна и Реал Мадрид, јуниорското финале е за Салцбург и Бенфика

Бенфика и Салзбург ќе играат во јуниорското финале во Лигата на шампионите, а очекуваното шпанско „Ел Класико“ пропадна, по елиминациите на Барселона и на Реал Мадрид

објавено: 21 април 2017 - 19:00

Бенфика и Салзбург ќе играат во јуниорското финале во Лигата на шампионите, а очекуваното шпанско „Ел Класико" пропадна, по елиминациите на Барселона и на Реал Мадрид.

Најпрво австрискиот состав приреди сензација и го победи шампионот од првото издание на ЛШ, Барселона, со 2:1, а потоа Бенфика повторно беше кобна за Реал Мадрид. Португалските таленти славеа победа со 4:2 против „кралскиот тим“ и се изборија за финале и меч за титулата против Салцбург. За првпат во четвртото издание на јуниорската ЛШ играше и наш клуб, а Вардар на стартот загуби од Салцбург со вкупен резултат од 0:8 во двата дуели (0:5 и 0:3).

Најново во Меѓународен Фудбал