БАРСЕЛОНА ПОВЕДЕ СО 1:0 ПРОТИВ ТИМОТ НА ПСВ АЈНДХОВЕН

Прекрасен старт на „Камп Ноу“: Меси од слободен удар за прв гол и рекорд во ЛШ! (ВИДЕО)

Каталонскиот гигант поведе во 32. минута од првото коло во групната фаза од Лигата на шампионите.

објавено: 18 септември 2018 - 19:36

Првиот погодок оваа сезона се случи на „Камп Ноу" каде што Лионел Меси како што знае и умее од слободен удар донесе водство за Барселона.

Аргентинскиот интернационалец ја затресе мрежата на холандскиот претставник ПСВ и воедно оствари нов рекорд.

Лео Меси сега повторно е на првото место со најмногу постигнати голови во групите на ЛШ од било кој друг играч, сега има вкупно 61, и така го продолжи „ривалството" со Кристијано Роналдо (60).

Најново во Меѓународен Фудбал