НЕОБИЧЕН ПОТЕГ НА НАВИВАЧИТЕ НА БАЕРН

Протестираа со тоа што фрлаа пари на теренот (Видео)

За да го следат мечот на гостувањето против Андерлехт во Брисел, фановите на германскиот гигант мораа да платат карта од 100 евра

објавено: 23 ноември 2017 - 09:00

Навивачите на Баерн Минхен беа задоволни од победата на нивниот миленик на гостувањето кај Андерлехт во Брисел. Баварскиот гигант триумфираше со 2:1 и на тој начин си обезбеди место во нокаут фазата од Лигата на шампионите. 

Сепак, фановите на гостите беа револтирани од сумата која мораа да ја платат за да го следат дуелот во живо. За време на мечот, гостинските симпатизери фрлија поголема сума на испечатени лажни евра, во знак на протест поради скапата влезница. Тие мораа да платат 100 евра за 90 минути фудбал.

„Дали вашата алчност сега конечно е задоволена?“, пишуваше на транспарентот кој го истакнаа гостинските навивачи. 

Најново во Меѓународен Фудбал