ОДРЕДЕНИ ДВОЈКИТЕ ЗА ПРВАТА ФАЗА ОД НОКАУТ СИСТЕМОТ

ПСЖ - Барселона и Баерн - Арсенал во осмина финалето на ЛШ

Францускиот првак Пари Сен Жермен ќе го пречека шпанскиот шампион Барселона, а веќе како судбина се пресметките меѓу најтрофејниот германски тим и „топчиите“ од Лондон

објавено: 12 декември 2016 - 12:21

Две големи дерби дуели се очекува да има во осминафиналето на Лигата на шампиони. Пари Сен Жермен ќе игра против Барселона, а Баерн Минхен против Арсенал, одлужи ждрепката во Нион. Во останатите дуели ќе играат: Манчестер Сити - Монако, Реал Мадрид - Наполи, Бенфика - Борусија Дортмунд, Порто - Јувентус, Баер Леверкузен - Атлетико Мадрид и Лестер - Севилја

Првите мечеви од осминафиналето ќе се играат на 14/15 и на 21/22 февруари, додека реванш средбите се закажани за 7, 8, 14 и 15 март.

Најново во Меѓународен Фудбал