Фаворитите немаат милост

ПСЖ е немилосрдна гол-машинерија, Челзи и Рома приредија спектакл за 3:3

Пари Сен Жермен продолжи да си поигрува со ривалите во Лигата на шампионите и со импресивна гол-разлика од 12:0 е на прагот на следната рунда

објавено: 18 октомври 2017 - 22:49

Пари Сен Жермен продолжи да си поигрува со ривалите во Лигата на шампионите и со импресивна гол-разлика од 12:0 е на прагот на следната рунда во најскапото клупско натпреварување во Европа.

Со головите на офанзивниот квартет Мбапе, Кавани, Нејмар и Ди Марија парижани го декласираа Андерлехт и потврдија дека се сериозни кандидати за титулата.

Сепак вечерва тоа не беше најефикасниот меч. Во Лондон, Челзи и Рома одиграа нерешено, 3:3, а предноста се менуваше на двете страни. Луиз и на двапати Азар погодија за Челзи, а Џеко со два гола и Коларов со еден погодок успеаја да и донесат бод на Рома.

Резултати: Андерлехт - ПСЖ 0:4, Баерн - Селтик 3:0, Бенфика - Манчестер јунајтед 0:1, ЦСКА Москва - Базел 0:2, Челзи - Рома 3:3, Карабах - Атлетико Мадрид 0:0, Барселона - Олимопијакос 3:1, Јувентус - Спортинг 2:1

Најново во Меѓународен Фудбал