КАКОВ ФИНАНСИСКИ ФЕР ПЛЕЈ, ТОА НЕ ПОСТОИ

ПСЖ ја „крши касата"за Килијан Мбапе?

Откако го поставија новиот трансфер период и го ангажираа Нејмар, „светците" се решени да одат уште подалеку. Следната мисија им е младиот напаѓач на Монако...

објавено: 9 август 2017 - 18:00

Како што јавува францкускиот „Телефоот", раководството на ПСЖ има намера да ангажира уште еден елитен фудбалер, и згора на тоа се подготвени и добро да платат за тоа.

Наводно, „светците" тргнале на страна 155.милиони евра, и уште некои дополнителни средства како бонус, а во обидот да дојдат до потписот на еден од најбараните фудбалери на светот – Килијан Мбапе.


Парижаните се решиле на еден ваков чекор откако ја дознале информацијата дека Мбапе наводно одлучил за свој следен клуб во кариерата да го одбере оној од Париз.
Со една цел, да заигра во тандем со Нејмар.
Но сега тука се поставува едно познато прашање, што е со оној т.н. „финансиски фер-плеј"?
Јасно е дека францускиот вицепрвак е во дебело минусно салдо кое ќе биде уште поголемо доколку се реализира овој најавен трансфер.
Дали тоа значи дека ПСЖ ќе мора да мора да продаде некоја од своите актуелни звезди, како на пример, Анхел Ди Марија, па дури и Џулијан Дрекслер, или пак ќе најдат некоја „дупка во законот"?
Во секој случај, ова покажува дека правилото се повеќе губи на доверба меѓу фудбалскиот свет, и дека иднината му е крајно неизвесна.

Најново во Меѓународен Фудбал