НЕ МУ СЕ ОСТВАРИЈА ЖЕЛБИТЕ НА КАПИТЕНОТ НА РЕАЛ МАДРИД

Рамос вечерва нема да спие мирно

Дефанзивецот најави дека чека Барселона да биде елиминирана од Пари Сен Жермен за да може вечерва спокојно да заспие 

објавено: 8 март 2017 - 23:02

Серхио Рамос синоќа беше најзаслужен за пласманот на Реал Мадрид во четвртфиналето. Сепак капитенот на „кралскиот клуб“ најави дека не се радува многу на играта и пласманот меѓу најдобрите осум во Европа, туку дека чека Барселона да биде елиминирана од елитната лига, па задоволството да му биде комплетно.

Рамос најави дека планира да заспие мирно, само доколку Барселона испадне во осминафиналето. 

„Ќе бидам среќен доколку Барселона испадне. Ќе спијам помирно" изјави Рамос.

Сепак тоа што го посакуваше Рамос, не се случи. Барселона на „Камп Ноу“ со неверојатен пресврт славеше со 6:1 против ПСЖ. Каталонците се првиот тим во историјата што успеал да надополни негатива од 4:0 по првиот меч. 

Најново во Меѓународен Фудбал