ДАЛИ ПРОГЛАСУВАЊЕ НА НЕЗАВИСНОСТА ЌЕ РАСИПЕ СЕ

РЕАЛ ГОСТУВА ВО КАТАЛОНИЈА – нема натпревар со Жирона?

Во десетото коло од Ла лига шпанскиот првак гостува во регионот кој сака да се одвои од Шпанија!

објавено: 27 октомври 2017 - 10:50

Дали во недела попладне (17.15 часот), ќе се одигра натпреварот Жирона – Реал Мадрид?

Неколку шпански меидуми јавуваат дека полицвијата во овој град сигурно ќе бара одложување на средабата, ако дотогаш Каталонија прогласи независност.

На тој начин полицајците сакаат да ги спречат евентуалните нереди на стадионот, секако поради гостувањето на симболот на мадридскиот централизам и на Шпанија.
Играчите и тренерот на Реал Мадрид истакнуваат дека се свесни за ситуацијата во Каталонија, но дека без оглед на тоа сакаат да играат против Жирона.

„Осигурувањето ќе биде на овој натпревар, па не знам зошто не би се играло. Ние ќе си ја вршиме нашата работа, и нема да мислиме на ништо друго" - порачува тренерот на „кралевите", Зинедин Зидан.

„Сакаме да играме во недела, знаеме што се случува, но размислуваме само за спортот. Ја следам ситуацијата во Каталонија, многу е деликатна. Но се надевам дека се ќе се реши мирно" - коментира Лукас Васкез.

Најново во Меѓународен Фудбал