ТРАДИЦИЈАТА ГИ ОХРАБРУВА „КРАЛЕВИТЕ“

Реал Мадрид ќе биде европски првак по десетти пат? (ФОТО)

Навивачите на Реал Мадрид, најтрофејниот европски великан со девет круни шампион на Европа зад себе веруваат дека историјата ќе се повтори и дека годинава им е судено да бидат шампиони на Стариотт континент.

објавено: 20 март 2014 - 10:01

Приврзаниците на „кралскиот клуб“ силно веруваат во традицијата која вели дека мадриѓаните освојуваат европска круна, кога ќе елиминираат германски бундеслигаш. А тоа веќе се случи завчера откако и официјално Реал со вкупни 9-2 го мина Шалке 04.

Реал последните три титули од 1998 година наваму кога ја освоија првата круна по три децении пауза стигнуваат до „големите уши“ откако же минат еден германски тим. Така во 1998 година на патот кон круната во Амстердам ги минаа Баер Леверкузен во четврт-финалето, па Борусија Дортмунд во полуфиналето. „Милионерите“ беа актуелни европски шампиони од 1997 година.

Во 2000 година, мадриѓаните се радуваа во Париз на трофеј по шпанското финале со Валенсија, а до трофејот стигнаа откако во полуфиналето го елиминираа Баерн Минхен. Две години подоцна на патот кон трофејот во Глазгов, прво го минаа баварскиот гигант во полуфиналето, а потоа и Баер Леверкузен во финалето.

Сега во Мадрид се е свртено кон т.н. „десима“ (десетта титула – н.з.). Тој трофеј е главна цел, а сите во клубот, навивачите, управата веруваат дека – традицијата ќе се повтори.

real-istorija-titula

Најново во Меѓународен Фудбал