ПОЗНАТИ ПАРОВИТЕ ЗА ПОЛУФИНАЛЕТО ВО ЛИГАТА НА ШАМПИОНИ

Реал против Атлетико, Монако - Јувентус

Првите мечеви се играат на 2 и 3 мај, а реваншите се закажани за 9 и 10 мај

објавено: 21 април 2017 - 12:20

Градските ривали Реал и Атлетико Мадрид ќе играат меѓусебе во полуфиналето на Лигата на шампиони, беше одлучено на ждрепката во Нион.

Mадридските гиганти минатата сезона играа во финалето, а Реал се радуваше на трофејот. Сега Атлетико ќе има шанса за реванш. 

Во второто полуфинале, Монако во првиот меч ќе го пречека Јувентус, додека италијанскиот првак ќе биде домаќин на реваншот. 

Победниците ќе играат во финалето кое на 3 јуни ќе се игра во Кардиф.

Најново во Меѓународен Фудбал