ДА СЕ ЗНАЕ КОЈ Е ЕВРОПСКИ ПРВАК

Реал со 100 победи во групна фаза, Роналдо со рекорд по број на голови

„Кралскиот клуб“ стигна до троцифрен број на триумфи, а Кристијано постави нов најдобар скор кога се гледаат головите дадени во ЛШ во една календарска година

објавено: 21 ноември 2017 - 22:40

Реал Мадрид со стил се пласираше во нокаут фазата од Лигата на шампионите, откако ја забележа најубедливата победа и со 6:0 славеше на гости кај Апоел. Со овој триумф, „кралскиот клуб“ е сигурен во својата група, каде сигурно во следната фаза ќе оди и Тотенхем. 

Кристијано Роналдо постави нов рекорд во ЛШ. Португалската ѕвезда даде два гола и стигна до бројката од 16 голови во елитната лига на Европа, во календарската 2017 година. Тоа е нов рекорд во ЛШ. И покрај победата од 6:0, Реал групната фаза ќе ја завршина второто место, зад Тотенхем.

Англискиот тим победи на гости кај Борусија Дортмунд со 2:1 и сега има 13 бодови, три повеќе од Реал, против кој има и подобар меѓусебен дуел. 

Наполи ги задржа шансите за второто место, откако убедливо со 3:0 славеше против Шахтјор.

Манчестер Сити продолжува со перфектниот боланс. „Граѓаните“ минимално со 1:0 го победија Феенорд и стигнаа до петата победа во петиот меч, за максимални 15 бода и прво место во својата група. 

Како се движеа резултатите на вечерашните мечеви, најатрактивните погодоци и најинтересните моменти, можете да ги погледнете ТУКА.

Резултати: Апоел - Реал Мадрид 0:6, Борусија Д. - Тотенхем 1:2, Манчестер С. - Феенорд 1:0, Монако - Лајпциг 1:4, Наполи - Шахтјор 3:0, Севилја: Ливерпул 3:3, Бешикташ - Порто 1:1, Спартак Москва - Марибор 1:1.

Најново во Меѓународен Фудбал