„КРАЛЕВИТЕ" ВЛЕГУВААТ ВО РЕМОНТ

РЕАЛОВА РЕВОЛУЦИЈА: Го „гасат" ББЦ, се „пали" НХЛ?!

Доаѓаат некои нови „галактикоси", и тоа уште ова лето...

објавено: 17 јануари 2018 - 17:56

Дали полека доаѓа крајот на Реал Мадрид каков што го знаеме, и дали доаѓа крајот на владеењето на Кристијано Роналдо, и дали Флорентино Перез се подготовува да го лансира проектот „трети галактикоси"?

Изгледа дека тоа оди во таа насока па фудбалскиот свет го чека една нова револуција!
Контроверзниот шпански бизнисмен планира да лансира еден нов, суперлуксузен проект, досега невиден во светот на фудбалот.
Затоа што во овие денови се погласно се зборува за тоа незадоволниот Кристијано Роналдо и официјално да биде ставен на трансфер листата, и акцискиот план на Перез.
Оној во кој повеќе нема место за „ЦР7", но и за други доста скапи фудбалери како што се Герет Бејл и Карим Бензема, односно за познатиот трилинг наречен „ББЦ".

Но и тоа дека почнува со реализација на друг проект, наречен „НХЛ" (во превод, Нејмар-Азар-Левандовски).
Одлука која, јасно е, не е донесена преку ноќ, затоа што во овој момент Реал заостанува дури 19 бодови во однос на Барселона.
Роналдо веќе не е во најдобрите фудбалски години, Бејл го уништија повредите, додека Бензема ги бележи најслабите бројки во досегашниот тек на кариерата.
Планот е јасен, Перез, макар и постепено ќе направи „смена на генерациите", и ќе формира тим налик на оној каков и што треба да биде, „кралски".
Централна фигура на овој проект јасно, ќе биде најскапо платениот фудбалер на денешницата, Нејмар. А пред некој ден „Марка" лансира вест дека за тоа Реал ќе одвои дури 400 милиони евра
Пазарот не нуди нешто поголемо од тоа, односно друга, вистинска замена за Роналдо, па јасно е дека тука ќе треба да се вложи многу, навистина многу...
Друга причина е тоа што во Мадрид одамна не слетала вистинска фудбалска ѕвезда. За последен голем трансфер се говореше во летото 2014 кога за 78 милиони евра беше трансфериран Хамес или Џејмс Родригез (сега е веќе во Баерн).
Ударна мета ова лето за Перез и соработниците ќе бидат неколку фудбалери кои се „достапни" за трансфер, а како такви се наведуваат Еден Азар, Роберт левандовски, Мауро Икарди, како и Тибо Куртоа и Давид Де Геа, меѓу голманите.

Најблиску од нив е сепак Азар, кој сеуште не го продолжува договорот со Челзи, во иста ситуација и Тибо Куртоа, кој можеби ќе биде „пакетот" на Перез уште ова лето.
А пред да тргне во поход на Бразилецот, Флорентино сака да го обезбеди и со квалитетни напаѓачи. Изборот е да оди „на се или ништо" во случајот со Роберт Левандовски, иако тој има доста долг договор со Баерн, тежок 15 милиони евра годишно.
И иако има скоро 30. години, Перез смета дека Пољакот е достоен да го наследи Бензема.
Како резервна опција „Марка" го открива Маури Икарди, кој се почесто е незадоволен од развојот на ситуацијата во Интер (паѓаат на табелата во Серија А).

Најново во Меѓународен Фудбал