Ефикасен старт на Лигата на шампионите со просек од 3,5 гола

Реванш на Барселона со иста мерка против Јувентус, моќен старт и на Челзи, ПСЖ, Баерн и Манчестер јунајтед

Барселона потполно му се реваншира на Јувентус за елиминацијата во ланското четвртфинале во Лигата на шампионите и со резултат од 3:0 го декласира италијанскиот првак и актуелен европски вицешампион. Блескаше Лионел Меси со два гола, а блескаа и екипите на Челзи со победа од 6:0 против Карабах и Пари Сен Жермен со триумф од 5:0 против Селтик

објавено: 12 септември 2017 - 22:48

Барселона потполно мус е реваншира на Јувентус за елиминацијата во ланското четвртфинале во Лигата на шампионите и со резултат од 3:0 го декласира италијанскиот првак и актуелен европски вицешампион. Блескаше Лионел Меси со два гола, а блескаа и екипите на Челзи со победа од 6:0 против Карабах и Пари Сен Жермен со триумф од 5:0 против Селтик.

На стартот од Лигата на шампионите имаше многу голови, во просек повеќе од 3,5, а моќ покажаа и Баерн со триумф од 3:0 против Андерлехт и Манчестер јунајтед со идентичен триумф над Базел.

Неколку минути во финишот на дуелот со Олимпијакос шанса да игра доби и Стефан Ристовски за Спортинг, што е негово деби за клубот од Лисабон, кој славеше со 3:2 во Атина.

Фокусот беше во Барселона, каде Каталонците славеа со 3:0 против Јувентус. Резултат со кој „Старата дама“ во минатото издание ја елиминираше Барселона во четвртфиналето. Реваншот со иста мерка го скрои Меси со два гола и Ракитиќ со еден.

Резултати:

Група А - Манчестер јунајтед - Базел 3:0 (Фелаини 35, Лукаку 53 и Рашфорд 84), Бенфика - ЦСКА Москва 1:2 (Сеферовиќ 50 - Витињо 63 од пенал и Жамалетдинов 71)

Група Б - Селтик - ПСЖ 0:5 (Нејмар 19, Мбапе 34, Кавани 40 од пенал и 85 и Лустиг автогол 83), Баерн - Андерлехт 3:0 (Левандовски од пенал 12, Алкантара 65 и Кимих 90)

Група Ц - Челзи - Карабах 6:0 (Педро 5, Запакоста 30, Ацпиликуета 55, Бакајоко 71, Бачуаи 75 и Медведев автогол во 82), Рома - Атлетико Мадрид 0:0

Група Д - Барселона - Јувентус 3:0 (Меси 45 и 69, Ракитиќ 56), Олимпијакос - Спортинг 2:3 (Пардо 89 и 93 - Думбија 2, Мартинс 13 и Фернадеш 43)

Најново во Меѓународен Фудбал