Вечерва со 8 натпревари почнува ново издание во ЛШ

Роналдо го заборави Манчестер јунајтед: Секогаш е исто, Реал, Барса, Јуве, Баерн и ПСЖ... четири од овие пет ќе играат во полуфинале

Вечерва со 8 натпревари почнува новото издание на Лигата на шампионите, убедливо најдоброто клупско натпреварување во Европа. Дербито е во Каталонија меѓу Барселона и Јувентус, екипи кои според Кристијано Роналдо се меѓу петте главни кандидати за пласман во завршницата

објавено: 12 септември 2017 - 16:00

Вечерва со 8 натпревари почнува новото издание на Лигата на шампионите, убедливо најдоброто клупско натпреварување во Европа. Дербито е во Каталонија меѓу Барселона и Јувентус, екипи кои според Кристијано Роналдо се меѓу петте главни кандидати за пласман во завршницата.

„Секогаш е исто. Реал, Барса, Јуве, Баерн и ПСЖ... Од тие пет екипи четири ќе играат во полуфиналето“, вели Роналдо. И за чудо меѓу кандидатите не го вброи својот поранешен клуб Манчестер јунајтед, ниту Челзи, Манчестер сити, Борусија Дортмунд, Ливерпул, Рома, Наполи, Монако, Тотенхем, Порто, Бенфика, Спортинг... Сепак има одлични екипи надвор од петорката на Роналдо, иако пак токму тој со соиграчите од Реал Мадрид е главен кандидат за нов трофеј. Кралевите сакаат хет-трик, како прва екипа во историјата на Лигата на шампионите и 13 круна во ова натпреварување што би бил апсолутен рекорд во сите популарни европски клупски натпреварувања во различни спортови.

Во фокусот вечерва на дуелите што почнуваат во стандардниот термин е мечот меѓу Барселона и Јувентус на „Камп Ноу“.

„Ова ќе биде меч меѓу две екипи кои се меѓу најмоќните во Европа. Не треба да ме потсетувате на ланската елиминација на Барселона, се знам, јасно ми е дека Јуве е страшна екипа и дека секому може да му се спротивстави и да победи со секој ривал“, вели Ернесто Валверде, новиот тренер на Барселона.

Тој ќе мора да бара чаре за реванш против Јуве за елиминацијата во четвртфиналето во минатото издание на ЛШ. Барса беше комплетно надиграна од „Старата Дама“ и елиминирана без проблем и без постигнат гол за 180 минути. Јувентус победи дома со 3:0, а на „Камп Ноу“ мечот заврши без голови.

„Со Реал, Барселона е главен фаворит за титулата во Лигата на шампионите. Ние имаме доста измени и според мене е најважно да бидеме во добар ритам од март следната година. Тогаш во вистинско време треба да бидеме вистински во сите натпреварувања. Сепак и утре треба да се прикажеме во вистинско светло. Очекувам спектакл на Камп Ноу“, вели Масимилијано Алегри.

Македонија ќе има еден претставник во Лигата на шампионите, а наш заштитен знак ќе биде Стефан Ристовски, десниот бек на Спортинг Лисабон. Македонскиот репрезентативец вечерва може и да дебитира за лавовите од Лисабон против Олимпијакос во Атина. И Вардар како клуб беше многу блиску, на еден чекор до историски настап во ЛШ, но „кобните“ 15 минути на „Паркен арена“ во реваншот со ФК Копенхаген го елиминираа македонскиот првак.

Двојки, денеска од 20,45: 

А група: Манчестер јунајтед - Базел, Бенфика - ЦСКА

Б група: Баерн - Андерлехт, Селтик - ПСЖ

Ц група: Рома - Атлетико Мадрид, Челзи - Карабах

Д група: Барселона - Јувентус, Олимпијакос

 

Најново во Меѓународен Фудбал