АКТУЕЛНИОТ ЕВРОПСКИ ПРВАК ЈА ПОКАЖА СИЛАТА

Роналдо немаше милост ниту за Борусија Дортмунд

Прв пат во клупската историја Реал Мадрид победнички си замина од гостувањето кај „милионерите“, откако славеше со 3:1, а Кристијано прва ѕвезда на мечот и даде два гола

објавено: 26 септември 2017 - 22:37

Реал Мадрид ја сруши лошата традиција и за прв пат победи на гостувањето кај Борусија Дортмунд. На овој меч, продолжи традицијата Кристијано Роналдо да ги решета мрежите на германските екипи. Најдобриот играч на Реал Мадрид даде два гола, во победата од 3:1. 

Роналдо го одигра јубилејниот 150 меч во европските натпреварувања и стигна до 112 голови досега. Герет Бејл погоди за водство на полувремето, а Роналдо во вториот дел зголеми на 2:0. Обамејанг даде надеж за домаќините, кога погоди за 1:2, но потоа повторно Роналдо, со својот втор погодок на средбата, потврди дека трите бода се за гостите од Мадрид. 

Убедливи победи вечерва забележаа и екипите на Тотенхем, Наполи, Севилја и Порто, а сигурен на свој терен беше и Манчестер Сити. „Граѓаните“ се радуваа благодарение на голот на Кевин де Брујне во 48 минута и на Стерлинг во 90 минута. 

Со еден бод од гостувањето во москва кај Спартак се задоволи Ливерпул, кој беше во негатива на таа средба. Бешикташ не дозволи изненадување и победи пред своите навивачи против Лајпциг. 

Резултати: АПОЕЛ - Тотенхем 0:3, Бешикташ - Лајпциг 2:0, Борусија Д. - Реал Мадрид 1:3, Манчестер С. - Шахтер 2:0, Монако - Порто 0:3, Наполи - Феенорд 3:1, Севилја - Марибор 3:0, Спартак М. - Ливерпул 1:1. 

Најново во Меѓународен Фудбал