ТОА ГО МОЖЕ САМО ПОРТУГАЛЕЦОТ

Роналдо со глава се поклони за нов рекорд во ЛШ (Видео)

Кристијано Роналдо со глава погоди во 49 минута, за водство од 5:0 на Реал, на гости кај Апоел, а само неколку минути подоцна даде уште еден погодок

објавено: 21 ноември 2017 - 21:58

Кристијано Роналдо со глава погоди во 49 минута, за водство од 5:0 на Реал, на гости кај Апоел. Со овој погодок, Роналдо испиша нова страница во историјата на Лигата на шампионите. Го постигна 17 погодок во елитната лига на УЕФА во 2017 година.

Досега ниту еден играч во историјата на ЛШ, нема дадено 17 погодоци за една календарска година. И претходниот рекорд беше на Роналдо. Португалецот даде 16 гола во 2015 година, а сега веќе стигна до 17 погодоци во 2017 година. 

Само неколку минути по тој погодок на Португалецот, Роналдо брзо постигна уште еден гол и сега е на бројката од 18 гола во ЛШ во 2017 година.

Колку за споредба, Лионел Меси има личен рекорд од 13 гола во една календарска година и тој го оствари во 2016 година. 

Најново во Меѓународен Фудбал