Реприза и во втората вечер, 26 погодоци на 8 меча

Рутина за шампионите, Реал Мадрид го декласира АПОЕЛ, два гола на Роналдо

Европскиот првак Реал Мадрид тргна по хет-трик во Лигата на шампионите со победа од 3:0 против АПОЕЛ, а расниот стрелец Кристијано Роналдо потврди дека повторно има намера да биде крал на стрелците со два гола

 

објавено: 13 септември 2017 - 22:44

 

 

Ф групаЕвропскиот првак Реал Мадрид тргна по хет-трик во Лигата на шампионите со победа од 3:0 против АПОЕЛ, а расниот стрелец Кристијано Роналдо потврди дека повторно има намера да биде крал на стрелците со два гола.

Еден постигна Рамос, а кралевите имаат рутинска задача на стартот на новата авантура во Лигата на шампионите во која сакаат историја и хет-трик од шампионски круни.

Сила покажа и Манчестер сити со победа над Феенорд од 4:0 и тоа на гостински терен. Вечерва повторно беше ефикасно и со вкупно 26 погодоци и само два меча на кои немаше три или повеЌе голови.

Резултати:

Е група - Ливерпул - Севилја 2:2, Марибор - Спартак Москва 1:1

Ф група - Шахтар - Наполи 2:1, Феенорд - Манчестер сити 0:4

Г група - Порто - Бешикташ 1:3, Лајпциг - Монако 1:1

Х група - Реал - АПОЕЛ 3:0, Тотенхем - Борусија Д. 3:1

 

Најново во Меѓународен Фудбал