Македонскиот шампион единствен мина како неносител

Само Вардар е изненадување, фаворитите Селтик, Салцбург, БАТЕ, Легија... одат понатаму

Вардар е единственото изненадување во втората рунда квалификации за пат во Лигата на шампините, а Малме е единствениот носител што испадна по вкупниот пораз од 2:4 против македонскиот првак

објавено: 19 јули 2017 - 22:57

Вардар е единственото изненадување во втората рунда квалификации за пат во Лигата на шампините, а Малме е единствениот носител што испадна по вкупниот пораз од 2:4 против македонскиот првак.

Вардар најде чаре као да го исфрли од игра фаворизираниот состав од Шведска и да остане во Скандинавија и за третата рунда. Нов противник сега е дански Копенхаген, екипа која ја елиминира Жилина со вкупен резултат од 4:3. Понатаму одат и останатите фаворити, Селтик, АПОЕЛ, БАТЕ Борисов, Легија, Салцбург....

Еве ги двојките за третата рунда, Рута на шампиони:

ФК Копенхаген - Вардар, Славија Прага - БАТЕ Борисов, Астана - Легија, Марибор - Хафнарфјордур, Селтик - Розенборг, Лудогорец - Хапоел Бер Шива, Виторул - АПОЕЛ, Риека - Салцбург, Карабах - Шериф, Партизан - Олимпијакос,

Лига рута:

Стеауа - Плзен, Ница - Ајакс, Динамо Киев - Јанг Бојс, АЕК - ЦСКА Москва, Бриж - Басахшехир.

Најново во Меѓународен Фудбал