Адвокатот Питер С. Кристијансен, денеска издаде соопштение во кој не негира дека Кристијано Роналдо и Кетрин Мајорга во 2010 година постигнале спогодба за тоа дека таа нема да ги изнесе информациите во јавноста.
Во соопштението се наведува дека документите кои се објавени во медиумите за средбата на Роналдо и Мајорга во 2009 година во пентхаусот на еден хотело во Лас Вегас биле променети, пред да бидат „неодговорно објавени".
На 27.септември пред судот во Невада, Мајорга поднела тужба со која се обидува да го поништи претходниот договоро од 2010 година кога прифатила сума од 375.000 долари.
Полицијата во Лас Вегас отворила истрага за сексуален напад за време на средбата на Роналдо со Мајорга.