Лоша е традицијата за шпанскиот клуб

Севилја сонува подвиг на „Тетарот на соништата“, Рома по одмазда против Шахтар

Севилја сонува подвиг против Манчестер јунајтед на „Театарот на соништата“, вечерва од 20,45 часот, а ќе игра и против традицијата која вели дека Андалузијците никогаш не славеле против англиски тим на гостински терен

објавено: 13 март 2018 - 18:00

Севилја сонува подвиг против Манчестер јунајтед на „Театарот на соништата", вечерва од 20,45 часот, а ќе игра и против традицијата која вели дека Андалузијците никогаш не славеле против англиски тим на гостински терен.

На гостите им одговара и реми со голови, по нерешениот исход без голови на првиот меч.

„Очекувам битка на живот или смрт. По овој меч ќе нема враќање назад. Имаме само еден пораз на домашен терен сезонава, но и тоа нема да се памети, ако не успееме против Севилја“, изјави Жозе Мурињо.

На вториот дуел вечерва, во Рим, Рома ќе атакува да се анулира негативата од 1:2 против Шахтар. Римската волчица го памети дебаклот од 2011 година, кога Украинците во два меча ги декласираа и со вкупен резулта од 6:2 ги исфрлија во осминафиналето од ЛШ. За Шахтар тоа е единственото четвртфинале во елитното натпреварување, а пред 7 години во походот кон сензација ги сопре Барселона.

„Ќе ни треба поддршка од навивачите. Доволна ни е победа од 1:0, но тоа воопшто нема да биде лесно“, изјави тренерот на Рома, Еузебио Ди Франческо.

Двата дуели се играат од 20,45 часот.

Најново во Меѓународен Фудбал