Завршија мечевите во фаза по групи

Шахтар го скокна Наполи, Ливерпул со седмица го испрати Спартак во Европа Лигата

Шахтар Донецк е најголем добитник од последното коло во фазата по групи во Лигата на шампионите, а Ливерпул со седмица го декласира Спартак Москва и го испрати во Европа Лигата

објавено: 6 декември 2017 - 22:49

Шахтар Донецк е најголем добитник од последното коло во фазата по групи во Лигата на шампионите, а Ливерпул со седмица го декласира Спартак Москва и го испрати во Европа Лигата.

Понатаму одат и Тотенхем, Реал Мадрид, Бешикташ, Порто, Манчестер сити и Севилја.

Шахтар го победи Сити со 2:1 и успеа да го претрка Наполи, екипа што со идентичен резултат загуби од Феенорд и ќе игра во Европа Лигата.

Седмицата на Ливерпул долго ќе ја памети рускиот првак Спартак, а за утеха ќе продолжат со настапите во Европа Лигата.

Порто со 5:2 го декласира отпишаниот Монако и не дозволи Лајпциг да го мине на второто место на табелата. Германците загубија од првопласираниот Бешикташ со 1:2 и ќе продолжат во ЛЕ.

Резултати и табели:

Е група - Ливерпул - Спартак 7:0, Марибор - Севилја 1:1

Ливерпул 12 бодови, Севилја 9, Спартак 6, Марибор 3.

Ф група - Шахтар - Манчестер сити 2:1, Феенорд - Наполи 2:1

Манчестер сити 15, Шахтар 12, Наполи 6, Феенорд 3

Г група - Лајпциг - Бешикташ 1:2, Порто - Монако 5:2

Бешикташ 14, Порто 10, Лајпциг 7, Монако 2

Х група - Реал Мадрид - Борусија Д. 3:2, Тотенхем - Апоел 3:0

Тотенхем 16, Реал 13, Борусија Д. и Апоел по 2 бода.

Најново во Меѓународен Фудбал