ПОГБА ШОУ НА ДУЕЛОТ ВО БЕРН, ИСКО ЗА ПОЗИТИВА НА РЕАЛ

Што се случува со Сити, Јуве и без Роналдо води на „Местаља“! (ВИДЕО)

Завршија првите 45. минути на шест натпревари вечерва во првото коло од Лигата на шампионите.

објавено: 19 септември 2018 - 22:03

Во дербито на „Сантјаго Бернабеу" води Реал Мадрид со голот на Иско непосредно пред паузата прекрасно од слободен удар во мрежата на Рома.

Потоа, Јувентус кој иако од 29. минута остана без Кристијано Роналдо кој доби директен црвен картон, сепак заминува на паузата со предност. Босанецот Пјаниќ од пенал стрелаше во мрежата на Валенсија.

Францускиот интернационалец Погба со два гола (еден од пенал) му носи позитива на Манчестер Јунајтед на теренот во швајцарскиот Берн против Јанг Бојс.

Изненадувачки премиерлигашкиот шампион Манчестер Сити е во негатива на својот „Етихад" од 0:2 на пресметката со Лион. Французите водат благодарение на Корне (26.) и Фекир (43. мин.)

На останатите средби Плзен води против ЦСКА Москва (2:0), а Баерн Минхен благодарение на Левандовски води на гостувањето против Бенфика.

Најново во Меѓународен Фудбал