СИНИОТ ДЕЛ ОД МАНЧЕСТЕР ИМА НОВА ЗВЕЗДА

„СИНА КРВ": Фил Фоден, шампионска сензација на Сити со 17 години и 192 дена

Кристијано Роналдо е првиот играч кој успеал да се запише во листата на стрелците на сите шест мечеви од групната фаза на ЛШ, а Фил Фоден е најмладиот англиски играч кој почнал некој натпревар во елитното натпреварување.

објавено: 7 декември 2017 - 11:00

Играчот за врска на Манчестер Сити, Фил Фоден е новото име кое се споменува во Англија, и тоа поради доста причини. Особено по средата навечер, кога истрча на теренот помеѓу првите 11 на Пеп Гвардиола на гостувањето кај Шахтјор.

На тој начин ова момче родено 2000 година, стана најмладиот Англичанец кој бил стартер на еден меч од Лигата на Шампионите, откако го стори тоа синоќа со наполнети 17 години и 192 дена.
Исто така, Фоден е првиот играч, роден 2000 година кој започнал едeн натпревар во најсилното клупско натпреварување.

Сето ова е само продолжение на феномeналната година за Фоден затоа што летоска постигна и два гола за Англија во финалето на Светското првенство за играчи до 17 години на кое со „Гордиот Албион" ја освои титулата, а во исто време беше прогласен и за најдобар играч на турнирот.

 

Најново во Меѓународен Фудбал