ВЕЧЕРВА СМЕ ВО ЦЕНТАРОТ НА ВНИМАНИЕТО КАЈ ФУДБАЛСКИОТ СВЕТ

Скопје се тресе, гигантите на „Филип втори"

Со натпреварот од Суперкупот на Европа традиционално се најавува есента во европските клупски натпреварувања. Оваа година честа да ја отворат новата европска сезона ќе ја имаат Реал Мадрид и Манчестер Јунајтед, но што е поважно, ќе се појават на нашиот најголем стадион.

објавено: 8 август 2017 - 17:30

Од кога се игра само еден меч на неутрален терен, а тоа датира од 1998 година,. кога се сретнаа Челзи и Реал Мадрид, навикнати сме домаќин на Супер купот да биде стадионот „Луј 2" во Монте Карло. и тоа само еден ден откако во блискиот „Грималди Форум" ќе се направи ждрепката за групната фаза од Лигата на Шампионите.

Меѓутоа, веќе четири години по ред пресметката за „ултимативниот господар на Европа", како некои сакаат да го наречат тој меч, чие значење од година до година се повеќе се деградира, не се игра во малото кнежевство.
Па така, после Прага, Кардиф, Тбилиси и Трондхајм, редот дојде на Југоистокот на Европа, а честа да биде домаќин на еден ваков натпревар му припадна на нашиот главен град, на Скопје.


Може да се каже дека за разлика од претходно наведените градови, Скопје имаше навистина луда среќа, во борбата за не толку атрактивниот трофеј, да ги добие двете можеби најбарани екипи, Реал Мадрид и Манчестер Јунајтед, секако од оние кои можеа да се најдат на теренот на „Филип втори" арената.


Освен што важат за атрактивни, покрај тоа со себе носат еден куп трофеи, важат и како најтрофејни во двете европски натпреварувања, па и светски, на глобално ниво се двете најпопуларни светски франшизи.
Токму тој термин и може да се употреби за овие два гиганти со оглед на тоа дека веќе неколку години, макар што се однесува и до маркетингот, но и многу други работи, „кралскиот клуб" и „црвените ѓаволи" работат скоро исто или слично какло и оние американски франшизи.
Секако дека сопствениците на угостителските објекти во главниот град на Македонија, тријат раце, затоа што и двата клуба имаа широка и огромна навивачка база во земјава и во регионот. нема сомнеж дека има и ќе има и многу англиски, но и шпански навивачи.
Сите тие, заедно со скопјани, со Македонците да уживаат да имаат една единствена прилика, да бидат најсреќни, затоа што ќе го гледаат мечот каков ретко се гледа во ова натпреварување.
Пред се затоа што од 1972 година, кога се игра овој натпревар, ова е само 15. пат да се сретнат два шампиони на Европа.
Последниот пат тоа се случи во 2013 година, кога на мегдан излегоа екипите на Баерн од Минхен и на Челзи.
Но со секое почитување кон Челзи, некој сличен дуел на „тешкашите" во европскиот фудбал од овој ранг е виден уште во 2001 година, кога еден спроти друг беа Ливерпул и Баерн.
Никогаш досега Реал Мадрид и Манчестер Јунајтед не се имаат сретнато во Суперкупот, но затоа пак дури пет пати играче во европските двомечеви. „Кралскиот клуб" е многу поуспешен затоа што славел на четири од нив, додека пак „црвените ѓаволи" ја добиле серијата од полуфиналето на КЕШ во 1968 година.


Малку поинаква е статистиката кога се гледа според земјите, затоа што ова е шести пат како се среќаваат некој англиски и шпански тим. Засега се подобри момците од Островот, (добија три меча).
Сепак, последната пресметка, онаа во 2012 година ја доби Атлетико Мадрид кој го совлада Челзи.
Реал Мадрид досега играл само еднаш против англиска екипа, и во 1998 година е поразен токму од Челзи.
интересно е дека заеднички именител во денешното време за двата клуба е тренерот.


Жозе Мурињо го водеше Реал Мадрид од 2010 до 2013. И иако има освоен три европски трофеи, само еднаш ја водел екипата на оваков натпревар (во 2003 година). Но и тогаш е поразен, затоа што како тренер на Порто загуби од Милан (0:1).
Уште поинтересно е дека екипите кои освојувале европски трофеи со Мурињо, го губеле мечот од Суперкупот.


Од друга страна, сегашниот тренер на Реал Мадрид, Зинедин Зидан минатата година славеше во мечот од Суперкупот, а како играч, исто така еднаш беше успешен, во 2002 година. Со Реал го совладаа Феенорд
Треба да се истакне и тоа дека на последните четири натпревари дури три пати се играле продолженија, па затоа нема да биде никакво изненадување доколку и вечерва во Скопје, на нашата Арена се случи слично сценарио, на радост на оние веруваме повеќе од 30.000 фанови, што на Реал, што на Манчестер Јунајтед, па и на оние неутралните, макар биле во мал број.

 

Најново во Меѓународен Фудбал