„СЦЕНОГРАФИЈАТА“ Е МАКСИМАЛНО ПОГОДЕНА

СКОПСКИ СПЕКТАКЛ: Мурињо против Зидан

Големите победници еден спротив друг на Арената „Филип Втори" во Скопје. Славните клубови за последен пат играле пред повеќе од четири години што ја прави еуфоријата уште поголема

објавено: 4 јуни 2017 - 14:00

Скопје имаше среќа, и Македонија имаше среќа...

Реал Мадрид го победи Јувентус во едно незаборавно финале од лигата на Шампионите. Она во Кардиф во кое „кралскот клуб" го декласираше тимот од Торино особено тоа се однесува за второто полувреме, за конечни (4:1).
И во исто време си закажа меч од Суперкупот на УЕФА. Оној кој на 8. август ќе се игра во нашето Скопје, на Арената „Филип втори".


Некои можеби заборавија, некои не, ова ќе биде судир на двата европски фудбалски гиганти. Но и момент за прв пат во историјата на европскиот фудбал во кој на една страна како тренер ќе се појави сега веќе двократниот освојувач на ушатиот пехар, Зинедин Зидан.
А на онаа другата, неговиот претходник на клупата на Реал Мадрид, а сега менаџер на Манчестер Јунајтед, Жозе Мурињо.
Мурињо и Зидан беа дел од „кралскиот тим" соработуваа заедно, но без краен европски ефект.
Инаку, овие два клуба за последен пат играа меѓусебно во 2013 година, кога Мурињо беше токму на клупата на тимот од Мадрид, додека пак на онаа на „црвените ѓаволи" седеше славниот Алекс Фергусон.
Оттука, овој скопски спектакл на 8. август, се чини добива уште повеќе на „тежина", и со себе носи уште поголема хистерија кај оние кои за десетина дена ќе ја почнат „битката" за добивање-купување на влезните билети.

Најново во Меѓународен Фудбал