Одличен фудбал и 8 голови на првите два меча

Слатка четворка на Манчестер сити, Јувентус прокоцка голема предност

Манчестер сити рутински го победи Базел со 4:0 на гостински терен и ја реши дилемата за пласман во четвртфиналето во Лигата на шампионите, а неизвесен реванш ги чека Јувентус и Тотенхем во Лондон, по денешните 2:2 во Торино

објавено: 13 февруари 2018 - 22:41

Манчестер сити рутински го победи Базел со 4:0 на гостински терен и ја реши дилемата за пласман во четвртфиналето во Лигата на шампионите, а неизвесен реванш ги чека Јувентус и Тотенхем во Лондон, по денешните 2:2 во Торино.

Премиерата од нокаут фазата во ЛШ почна ефикасно со по 4 погодоци на „Сент Јакоб“ во Базел и на „Алијанц арена“ во Торино.

Сити го декласираше Базел со головите на Гундоган два, на Бернард Силва и на Кун Агуеро.

Многу поинтересно беше во Торино, каде Јувентус прокоцка предност од 2:0. Со головите на Игуаин во првите десет минути „Старата дама“ најави победа, но Кејн и Ериксен со по еден погодок му донесоа мала предност на Тотенхем пред реваншот во Лондон.

Најново во Меѓународен Фудбал