Предност за фаворитите

Слатко Порто за Ливерпул, Реал Мадрид му покажа на ПСЖ кој е европски првак

Реал Мадрид се разбуди во вистински момент и со 3 погодоци по ред успеа да направи пресврт против ПСЖ, да победи со 3:1 што е солидна предност пред реванш осминафиналето во Париз. Ливерпул го декласира Порто на гостински терен и по триумфот од 5:0 е сигурен патник во завршницата меѓу октетот најдобри во Лигата на шампионите

објавено: 14 февруари 2018 - 22:42

Реал Мадрид се разбуди во вистински момент и со 3 погодоци по ред успеа да направи пресврт против ПСЖ, да победи со 3:1 што е солидна предност пред реванш осминафиналето во Париз. Ливерпул го декласира Порто на гостински терен и по триумфот од 5:0 е сигурен патник во завршницата меѓу октетот најдобри во Лигата на шампионите.

Кристијано Роналдо е моторот на европскиот првак и кога тој игра добро, Реал нема проблеми. Со два гола Португалецот направи пресврт, откако ПСЖ поведе со голот на Рабио, а патем ја мина границата од 100 голови во ЛШ во дресот на Реасл Мадрид. Од вечерва ги има точно 101, или вкупно 115, ако се сметаат и тие 14 за Манчестер јунајтед. За да биде уверлива предност се погрижи Марсело со погодок во финишот на мечот.

Уште поефикасен вечерва беше Ливерпул, предводен од Садио Мане. Англичаните го декласираа Порто со 5.0, а Мане постигна три гола. Стрелци на гол беа и Салах и Фирмино за нокаут на португалскиот претставник и поранешен европски првак.

Најново во Меѓународен Фудбал