СЕ ОБИДЕ ДА ЈА ОБЈАСНИ СИТУАЦИЈАТА

СТЕРЛИНГ: Сакав да ја шутнам топката, не знам што се случи потоа... (ВИДЕО)

Фудбалерот на Манчестер Сити се извини за изнудениот пенал во дуелот од Лигата на Шаппионите против Шахтјор...

објавено: 8 ноември 2018 - 18:00

Синоќа Сити го победи Шахтјор со огромни (6:0), Судијата Виктор Касаи досуди два пенали за "граѓаните" од кои првиот беше во најмала рака – скандалозен!!!
Судијата сметаше дека Рахим Стрелинг е соборен, но фудбалерот на Манчестер Сити вели дека тоа не било случај.

"Сакав да ја шутнам топката, и не знам што потоа се случи. Завршив на тревата и се свртев. Не почувствував контакт, тоа беше моја грешка. Му се извинувам на судијата, му се извинувам на Шахтјор"- рече Стерлинг, а пренесоа британските медиуми.

Тренерот на Сити, Пеп Гвардиола после мечот рече дека не знаел за тоа дали е пенал. Запрашан дали Стерлинг требало да му каже на судијата Касаи што се случи, Гвардиола одговори:

"Тоа можете да го направиге. Не сакаме да постигнеме гол од таква ситуација"- гласи ставот на Пеп.

 

Најново во Меѓународен Фудбал