ГОЛМАНОТ НА БЕНФИКА Е МАЛЕР НАД МАЛЕРИТЕ

Свилар прво одбрани пенал, па пак си дадe автогол против Манчестер (Видео)

Најмладиот чувар на мрежата во Лигата на шампионите, има кошмари против англискиот тим.

објавено: 31 октомври 2017 - 21:41

Младиот српски голман Миле Свилар, минатото коло влезе во историјата на Лигата на шампионите, откако бранеше против Манчестер јунајтед со само 18 години и 52 денови. Во дебито, Свилар не се прослави, откако си даде автогол и на Манчестер му подари победа од 1:0. На тој меч, тинејџерот самиот влезе со топката во голот, што е еден од најсмешните автоголови. 

Сега, повторно против Манчестер, но на „Олд Трафорд“, на Свилар му се случи „дежа ву“. Младиот голман на Бенфика, започна одлично, па дури и му го одбрани пеналот на Марсијал. Сепак пред крајот на првото полувреме, Свилар повторно си даде автогол. 

Овојпат среќата воопшто не го посака. Немања матиќ шутираше, топката удри во стативата, а потоа се одби во грбот на голманот на гостите и заврши во мрежата. Манчестер повторно води со 1:0 против Бенфика, благодарение на автогол на голманот Свилар. 

Најново во Меѓународен Фудбал