Торес до Гризман: Не си оди од Атлетико!

„Во Атлетико се бори за титулата на првак на Шпанија, за трофејот во Лигата на Шампионите. Нема ниту една причина да си оди" - смета шпанскито репрезентативен напаѓач и партнер на Французинот во офанзивната линија на „јорганџиите“ од Мадрид

објавено: 14 април 2017 - 20:45

Во овој момент, Антоан Гризман е еден од тројцата најбарани фудбалери на светот. Сепак неговиот соиграч од Атлетико Мадрид, Фернандо Торес смета дека нема никаква потреба Французинот да го напушти клубот за да стане вистинска легенда. 

Најупорни во трката за потписот на Гризман во овој момент се луѓето од Манчестер Јунајтед. Пред се тренерот Жозе Мурињо, кој по се изгледа е подготвен да плати се што ќе биде потребно за да го реализира тоа. 

„Каде можеш да одиш на некое друго место а да ти биде подобро отколку во Атлетико? Нема многу такви места на светот. Се надевам дека ќе остане со нас засекогаш“ - порача шпанскиот репрезентативен напаѓач на својот соиграч, а пренесе „ББЦ“.

Пред неколку дена Гризман го постигна единствениот гол за Атлетико во првиот четвртфинален меч од Лигата на Шампионите против Лестер (1:0), со кој потврди дека е најдобриот стрелец на „јорганџиите“ во овој момент.

Торес вели дека е нормално тоа што Гризман го привлекол вниманието на најголемите европски клубови.

„Како и не би било така, станува збор за фудбалер кој ќе стане еден од најдобрите во светот. Сите сакаат да го донесат во своите редови. Но, во Атлетико се бори за титулата на првак на Шпанија, за трофејот во Лигата на Шампионите. Нема ниту една причина да си оди“ - заклучува Торес, кој своевремено, за сума од 30.милиони евра премина од Атлетико во Ливерпул, а потоа патот го однесе кон Челзи и Милан. 

Најново во Меѓународен Фудбал