УЕФА ГИ ОДБРА 11 НАЈДОБРИ

Тотална доминација на „кралевите“ (ВИДЕО)

Скоро девет милиони фанови на официјалната страна на УЕФА ја искористија шансата да учествуваат во изборот за најдобриот тим за минатата година

објавено: 11 јануари 2018 - 14:00

Би се рекло помалку и очекувано, по комплетната  доминација на Реал Мадрид, кој во минатата година успеа да ги одбрани трофеите во ЛШ, Суперкупот на Европа и клупскиот Мундијал, „кралевите“ имаат и најмногу играчи во идеалниот состав кој го составија љубителите на фудбалот.

Во овој тим ги имаат Серхио Рамос, Марсело, Тони Крос, Лука Модриќ и Кристијано Роналдо, додека пак уште поизненадуваќки, претставник на Барселона е само Лионел Меси.

Во изборот на состав на годината на УЕФ има само два фудбалери од Премиерлигата, Кевин Де Брујн од Манчестер Сити и Еден Азар од Челси.

Уште двајца играчи доаѓаат од Италија, поточно од редовите на Јувентус, голманот Џиџи Буфон и заменикот капитен Џорџо Кјиелини

Честа на француската лига ја брани Дани Алвеш од ПСЖ кој првта половина од годината ја помина токму како играч на Јувентус. 

Најново во Меѓународен Фудбал