Проблеми и за англискиот клуб

Тотенхем без Алдервирлд против десеткуваниот Јувентус

Тобијас Алдервирлд ќе патува со Тотенхем во Торино за првиот осминафинален меч против Јувентус во Лигата на шампионите, но нема да игра

објавено: 12 февруари 2018 - 21:05

Тобијас Алдервирлд ќе патува со Тотенхем во Торино за првиот осминафинален меч против Јувентус во Лигата на шампионите, но нема да игра.

Белгискиот репрезентативец е стандарден во одбраната на англискиот состав, но нема да игра. Покетино не сака да брза со враќањето на Тоби, иако десниот бек играше против Њупорт во ФА купот.

Проблеми има и Јувентус и тоа се чини многу поголеми. Поради повреди нема да играат Дибала и Матуиди. 

Првиот меч се игра на „Алијанс“ во Торино, утре од 20,45 часот.

Најново во Меѓународен Фудбал