ФИНАНСИСКИ БИЛЕ МОТИВИТЕ ЗА НАПАДОТ ВРЗ АВТОБУСОТ

Уапсен напаѓачот: Русин е одговорен за бомбите во Дортмунд

Се отфрла сомнежот дека се работи за терористички напад

објавено: 21 април 2017 - 09:35

Русин на возраст од 28 години е уапсен за напад на автобусот на Борусија Дортмунд, пред првиот меч во четвртфиналето во Лигата на шампионите против Монако. Германските власти ја отфрлија можноста дека се работи за терористички напад.

Уапсениот е идентификуван како Сергеј В., кој сакал со нападот да иницира постапка за лесна заработка од падот на акциите на Борусија Дортмунд. Една недела претходно подигнал позајмица која му овозможила тргување со акциите по претходно договорени цени. 

Нападот беше посочен како обид за убиство на фудбалерите на Борусија, кои беа во автобусот и патуваа кон стадионот за да го одиграат мечот против Монако. за среќа немаше сериозно повредени. Единствено играчот Марк Бартра имаше повреди на рацете и мораше да оди на операција, а полесно беше повреден и еден полицаец. 

Русинот бил сместен во истиот хотел во кои биле и играчите на Борусија. Тој инсистирал да добие соба со поглед на улицата каде поминува автобусот, каде што експлодираа бомбите. Друг сомнителен момент е тоа што кога се случил нападот и целата област била во паника, Сергеј спокојно седнал да вечера во ресторанот во хотелот. 

Најново во Меѓународен Фудбал