СПОРЕД ШАНСИТЕ КОИ ИМ СЕ ДАВААТ ЗА ПОМИНУВАЊЕ ВО СЛЕДНА ФАЗА

УЕФА веќе ја елиминираше Барселона од ЛШ

Пресметано во проценти, шпанскиот првак има НУЛА отсто шанси за влез во четвртфиналето

објавено: 6 март 2017 - 09:51

Оваа недела продолжуваат дуелите во елитната фудбалска Лига на шампиони. Следуваат возвратните дуели од осминафиналето. Започнува расплетот за тоа кои осум клубови ќе останат во трката за големиот сребрен трофеј.

Европската фудбалска федерација (УЕФА) направи процентуален приказ на тоа какви се шансите на екипите, по првите одиграни дуели во осминафиналето. Според пресметките, Барселона е единствениот тим кој нема никаква шанса да продолжи понатаму.

Каталонскиот гигант загуби со 4:0 на гостувањето на „Паркот на принцовите" од Пари Сен Жермен, во првиот меч. Тоа е резултат, кој според досегашната пракса во историјата на мечевите од УЕФА, ниту еден клуб не успеал да се врати од таква негатива и на крајот да помине понатаму.

Токму поради оваа статистика, УЕФА вели дека Барселона е веќе елиминирана според процентите, а ПСЖ може да се подготвува за следниот противник.

Освен „отпишаната" Барселона, минимални, односно теоретски шанси од 1,2 отсто има Арсенал. Премиерлигашот загуби со 5:1 на гости кај Баерн Минхен, по првите 90 минути, што значи дека пред своите навивачи мора да бркаат барем победа од 4:0, за да одат понатаму.

Очајни се шансите и на Порто, односно Баер Леверкузен. Португалскиот тим има 2,7 отсто шанси дека може да го елиминира Јувентус, додека за помалку од еден процент поголеми шанси се дава на Баер Леверкузен за да остане во елитата, по реваншот со Атлетико Мадрид.

ЕВЕ КАКО СЕ ПРОЦЕНУВААТ ШАНСИТЕ НА ЕКИПИТЕ ЗА ВЛЕЗ ВО ЧЕТВРТФИНАЛЕТО НА ЛШ

Наполи (22,8 отсто) – Реал Мадрид (77,2 отсто) – првиот меч заврши 1:3
Арсенал (1,2 %) – Баерн Минхен (98,8 %) – првиот меч заврши 1:5
Борусија Дортмунд (40,6%) – Бенфика (59,4 %) – првиот меч заврши 0:1
Барселона (0 %) – ПСЖ (100 %) – првиот меч заврши 0:4
Јувентус (97,3%) – Порто (2,7 %) – првиот меч заврши 2:0
Лестер (48,9%) – Севилја (51,1%) – првиот меч заврши 1:2
Атлетико Мадрид (96,6%) – Баер Леверкузен (3,4%) – првиот меч заврши 4:2
Монако (40%) – Манчестер Сити (60%) – првиот меч заврши 3:5

Најново во Меѓународен Фудбал