Голем подвиг на младите австријци

Вардар имал силен противник, јуниорите на Салцбург ја елиминираа Барселона за финале во ЛШ

Јуниорите на Салцбург пишуваат историја, а во неа ќе има место и за Вардар, по пласманот на австрискиот тим во финалето на Лигата на шампионите. Салцбург попладнево ја елиминира моќната Барселона на гостински терен со победа од 2:1 и ќе играатз а титулата против подобриот од мечот меѓу Реал Мадрид и Бенфика

објавено: 21 април 2017 - 15:39

Јуниорите на Салцбург пишуваат историја, а во неа ќе има место и за Вардар, по пласманот на австрискиот тим во финалето на Лигата на шампионите. Салцбург попладнево ја елиминира моќната Барселона во Нион со победа од 2:1 и ќе играат за титулата против подобриот од мечот меѓу Реал Мадрид и Бенфика.

Салцбург му беше прв противник на Вардар во квалификациите и беше надмоќен, па со две победи од 5:0 и 3:0 рутински мина понатаму.

И потоа само редеше сензации против Манчестер сити, ПСЖ, Атлетико Мадрид и денеска со Барселона, па заслужено ќе играат за највредната клупска круна во Европа.

 

Најново во Меѓународен Фудбал