Го нема неговиот тим и сега му е досадна елитата

Венгер: Мечевите од ЛШ не се интересни за гледање

Францускиот стратег на чело на Арсенал вели дека турнирот ја загубил својата атракција

објавено: 25 септември 2017 - 19:45

Тренерот на Арсенал, Арсен Венгер вели дека мечевите од Лигата на шампионите стануваат досадни. Францускиот стратег вели дека групната фаза веќе не е интересна како што тоа беше пред неколку години.

„Мислам дека веќе во групната фаза на Лигата на шампионите веќе нема интересни мечеви. Најмногу по еден-два се вредни за гледање. Тие мечеви се станати рутински. Само погледнете ја публиката. Турнирот ја загуби артакцијата и сјајот", вели Венгер.

Арсенал за прв пат по 19 години, сезонава не е дел од групната фаза од елитната лига , а Венгер признава дека му недостасуваат тие средби.

„Признавам дека мечевите во Лигата на шампионите ми недостасуваат. Имам повеќе од 200 мечеви во ова натпреварување и тоа е голема привилегија за мене", додава Венгер.

Арсенал в четврток ќе гостува во Белорусија кај БАТЕ Борисов, во рамките од групната фаза од Лигата на Европа.

Најново во Меѓународен Фудбал