ИТАЛИЈАНЕЦОТ ГИ ТРГНА СИТЕ ДИЛЕМИ

Верати во друштво на Нејмар

Играчот од средниот ред потврди дека ќе остане во ПСЖ, и дека на неговата одлука не влијаел трансферот на бразилскиот суперстар на „Паркот на принцовите"...

објавено: 6 август 2017 - 22:30

Пред да тргне сагата „Нејмар", долго време се говореше дека Марко Верати е пред заминување од редовите на ПСЖ, и тоа токму во Барселона, од каде Бразилецот се пресели во Париз.

Во неколку наврати, младиот Италијанец истакна дека сака да премине во каталонскиот клуб, но и дека е спремен да остане во „градот на светлината" доколку раководството на клубот направи тим со шампионски калибар.
А три дена откако Бразилецот го облече дресот на францускиот гигант, Верати испрати една очекувана порака.
„Останувам".
Потоа и ја образложи истата со неколку реченици...

„Барселона? Тука имаше нешто, но не постигнавме договор. одлучив да останам на овој пат и среќен сум поради тоа. Дали Нејмар ми го промени мислењето? Тоа го одлучив пред неговото доаѓање тук. не ни знаев дека Нејмар ќе дојде“ - рече Верати.

Минатата сезона ПСЖ ја заврши со рана елиминација во Лигата на шампионите, но и без домашна титула. Па оттука станува појасно дека амбициите на сите во клубот се да се направат многу подобри резултати во оваа која следува.

 

Најново во Меѓународен Фудбал