ЧИЛЕАНЕЦОТ „УДРИ“ ПО АТЛЕТИКО МАДРИД

Видал: Наместо најдобриот тим во светот, во финалето ќе биде екипа која игра грд фудбал!

Артуро Видал, фудбалерот кој ги брани боите на Баерн Минхен не може да се помири со елиминацијата од Лигата на шампионите.

објавено: 4 мај 2016 - 08:15

Германскиот гигант ги заврши настапите во елитата откако беше елиминиран од Атлетико Мадрид, а чилеанскиот фудбалер од средниот ред смета дека во наредната фаза минала полошата екипа која игра грд фудбал.

„Бевме далеку подобар тим на двете средби. Доминиравме во играта, но тоа е што е, најдобриот тим во светот нема да игра во финалето, а таму ќе биде екипа која игра грд фудбал. Атлетико ги искористи своите најзрели шанси и затоа е во финалната рунда. Жалиме затоа што сме елиминирани, но одиме понатаму затоа што пред нас имаме други трофеи за освојување“, вели Видал.

Во финалето Атлетико Мадрид ќе игра со подобриот од дуелот меѓу Реал Мадрид и Манчестер сити. Првиот дуел меѓу шпанскиот и англискиот гигант заврши без голови.

Најново во Меѓународен Фудбал